Вести Свет

Поранешен фудбалер на чело на државата на Грузија

Поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили денеска во парламентот е избран за претседател на Грузија, со мнозинство гласови на комисијата, која е составена од 300 членови на парламентот и локалните власти, пренесе АП.

Кавелашвили лесно ги освои гласовите со оглед на тоа што владејачката партија Грузиски сон го контролира изборниот колеџ со 300 места, кој ги замени директните претседателски избори во Грузија за прв пат од 2017 година, според американската агенција.

Грузискиот сон ја задржа контролата врз парламентот на земјата на изборите одржани на 26 октомври, за кои опозицијата тврди дека биле наместени со помош на Москва.

Грузискaта претседателка во заминување Саломе Зурабишвили и главните прозападни партии оттогаш ги бојкотираа парламентарните седници и побараа повторување на гласањето.

Како што пренесува порталот Georgiatoday.ge, претседателката на Грузија во заминување, Саломе Зурабишвили, накратко се појавила во близина на парламентот за време на гласањето, кога во изјава за медиумите претседателските извори ги нарече „исмејување на демократијата“, пренесува Танјуг.

„Пред една година Грузија доби статус на кандидат (за членство во ЕУ), денес Централниот комитет, како и парламентот, избира еден и единствен кандидат во исмејување на демократијата. Тоа никогаш нема да ја спречи Грузија да го следи нејзиниот европски пат и демократска иднина“, рече Зурабишвили.

За време на гласањето за претседателските избори во парламентот, полициски сили беа мобилизирани во близина на зградата на парламентот, во ограден периметар, со водени топови поставени на Плоштадот Слобода, каде продолжија протестите како одговор на претседателските избори.

Демонстрантите ги изнесоа своите барања за распишување нови избори и ослободување на оние за кои тврдат дека се незаконски приведени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе