Вести Свет

Тројца загинати во бомбашки напад на фестивал во Тајланд

Најмалку три лица загинаа, а десетина се повредени откако експлозивна направа била фрлена меѓу поеститетлите на фестивал во Тајланд.

Нападот се случил ноќеска пред полноќ по локално време на саемот организиран од Црвениот крст, кој секоја година се одржува во областа Умфанг во северната провинција Так.

Двајца осомничени се во притвор, но не е покренато обвинение, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на тајландската полиција. Според полицијата, експлозивната направа бил фрлена на отворена сцена на која танцувале посетителите на фестивалот.

Тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра преку објава на „Х“ изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените во бомбашкиот напад.

Таа рече дека наредила полицијата и безбедносните агенции да ги истражат причините за експлозијата и да им помогнат на настраданите. Таа нареди и зголемување на бројот на полицајци кои ќе ги надгледуваат сите фестивалски настани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе