Вести Свет

Експерти на СЗО заминаа во Конго за да се истражи се уште непозната болест

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека испратила свои експерти да им помогнат на здравствените власти во Демократска Република Конго да се истражи сè уште непозната болест која предизвика повеќе смртни случаи во оддалечен дел од земјата.

Во соопштението се наведува дека експертите на СЗО се на пат кон Панзи во југозападната провинција Квангџу во Конго, каде што ќе ги достават потребните лекови и апаратура која ќе помогне во дијагностицирањето на причината за болеста со цел да се обезбеди соодветно лекување.

Се истакнува дека повеќе информации за болеста ќе бидат објавени веднаш штом ќе станат достапни. СЗО соопшти дека досега се пријавени 394 случаи и 30 смртни случаи во Панзи, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство на Конго.

Претходно оваа недела, локалните власти објавија дека од непозната болест во ноември починале 143 лица во тој регион.

Според СЗО, симптоми на болеста се главоболка, кашлица, треска, отежнато дишење и анемија. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе