Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Западот дека ја оживува Студената војна и предизвикува директен конфликт со Русија. Пораката ја пренесе за време на воведниот говор на министерскиот состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се одржува на Малта.
Лавров на присутните делегати им порача дека акциите на САД се водени од желбата „да го свртат политичко внимание кон НАТО“. Тој го критикуваше и ОБСЕ, велејќи дека организацијата станала „жртва на политиката на потчинување на Европа на САД преку евроатлантските безбедносни концепти“.