Вести Свет

Што содржи планот на Трамп за решавање на конфликтот во Украина

Планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина вклучува отфрлање на членството во НАТО од страна на Киев и територијални отстапки во корист на Русија, јавија американските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до Трамп и анализа на предлозите на неговите советници.

  • Советниците на Доналд Трамп јавно и приватно разговараат за предлозите за ставање крај на конфликтот во Украина, според кои значителен дел од територијата во догледна иднина би и бил префрлен на Русија. Предлозите на тројцата врвни советници имаат некои заеднички карактеристики, вклучително и отстранување на прашањето за влезот на Украина во НАТО, се вели во соопштението.

Трамп допрва треба да состави голема работна група за да подготви мировен план. Изворите велат дека конечниот договор најверојатно ќе зависи од тоа што ќе одлучат Трамп, Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп постојано ветуваше за време на неговата изборна кампања дека ќе стави крај на речиси тригодишниот конфликт во рок од 24 часа од неговата инаугурација на 20 јануари, но допрва треба да каже како. Аналитичарите и поранешните претставници на националната безбедност изразуваат сериозни сомневања дека Трамп може да го исполни таквото ветување поради сложеноста на конфликтот. Меѓутоа, заедно, изјавите на неговите советници укажуваат на потенцијалните контури на мировниот план на Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе