Инциденти пред одржување и за време на Седницата на Советот на Нови Сад на која се расправаше за разрешување на градоначалникот Милан Ѓуриќ.
Група на активисти, граѓани и советници се обидоа да влезат во зградата. Притоа дојде до турканица со полицијата. Едно лице е повредено. Се сомнева дека е претепано од полициски службеници, а друго е приведено.
Меѓу точките на дневниот ред на седницата беше разрешување на градоначалникот Ѓуриќ поради несреќата на железничката станица во Нови Сад, на која по пад на натстрешницата загинаа 15 лица. Гласањето се одржа и покрај тензичната атмосфера, а Ѓуриќ остана на функцијата.