Бил селективно и неправедно процесиран поради неговото презиме, па на помалку од два месеца до крај на мандатот реши да го помилува, иако ветуваше дека нема да го стори тоа. Американскиот претседател Џо Бајден потпиша решение со кое го спасува неговиот син Хантер од казна во случаите за нелегално купување и поседување на огнено оружје и за затајување на данок.
Образложувајќи ја својата одлука, претседателот на САД рече дека го следел принципот на говорење на вистина низ целата негова кариера, со уверување дека Американците се чесни. Вели во обидот да го скршат Хантер, се обиделе да го скршат него што било доволна причина за него дека нема да запрат на тоа.
Потегот на Бајден предизвика реакции во јавноста и повторно ја отвори дебатата за независноста на американскиот правосуден систем.
Ова не е прв случај во кој американските претседатели ја користат уставната моќ да помилуваат лица кои се обвинети за федерални кривични дела. Такер потсетува дека и во минатото се користеле помилувања за членови на семејство или политички сојузници.
Одлуката на Бајден да го помилува својот 54-годишен син, наиде на жестока реакција од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. На социјалните мрежи го спореди потегот на Бајден со одлуката за неколкугодишни затворски казни за демонстрантите кои учествуваа во немирите во Капитол Хил на 6 јануари во 2021 година.
По претседателското помилување, се огласи и лично Хантер кој порача дека одлуката на неговиот татко нема да ја сфати „здраво за готово“. Вели дека се поддршка на семејството и на пријателите, изградил нов живот кој ќе го посвети на оние кои се болни и страдаат од разни причини.
Сашко Димовски