Вести Свет

Трамп го именува бизнисменот Масуд Булос за советник за Блискиот Исток

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска го именува американско-либанскиот бизнисмен Масад Булос за советник за Блиски Исток.

– Масад е добар преговарач и цврст поддржувач на мирот на Блискиот Исток. Тој ќе биде верен бранител на САД и нивните интереси, истакна Трамп.

Булос е долгогодишен републиканец, кој се збогати со продажба на автомобили во Нигерија. Тој активно учествуваше во претседателската кампања, ангажирајќи се во убедувањето на арапската заедница во одредени клучни држави да гласаат за Трамп.

Но, Булос е татко на еден од зетовците на Трамп. Мајкл Булос во 2022 година се ожени со ќерката на Трамп, Тифани.

Трамп за време на претседателската кампања најави дека ќе стави крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас, без да наведе детали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе