Вести Македонија

Красимира: За разлика од бугарските 2,5 километри, македонскиот дел од пругата на коридор 8 е 89

Бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова, најави дека до 2030 година целосно ќе биде завршен тунелот од Коридорот 8. Таа во изјава за емисијата „Брисел 1“ на „Бугарија ON AIR” потврди дека Бугарија има изградено цела железничка инфраструктура, остануваат незавршени уште 2,5 километри, за што е обезбедено финансирање.

За жал, вели таа „Не гледаме гаранции и јасни рокови кога колегите од Македонија ќе го изградат својот дел од Крива Паланка до границата со Бугарија“.

Ваквиот нејзин став доаѓа како одговор на дилемите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски, околу сегашната подготвеност на Бугарија за железничко поврзување.

Техничкиот проект треба да биде готов до крајот на 2024 година.За разлика од бугарските 2,5 километри, македонскиот дел до границата со Бугарија вклучува 89 километри, со многу сложени делници, вклучително и 24 тунели и 51 мост.

Тендерот за најтешката делница пропадна, а македонското Министерство за транспорт нагласи дека не може да се прифати проект без јасни гаранции од Бугарија. Македонија инсистира на заедничко проектирање и реализација на тунелот, со цел да се постигне регионална интеграција во европската транспортна мрежа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во смртоносни поплави во Тексас загинаа 24 лица во летен камп – се трага по 20 деца

Дејан Дејан

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе