Вести Македонија

На граничниот премин Меџитлија се степале командир и граничен полицаец

Инцидент со физичка пресметка се случил утрово на граничниот премин „Меџитлија“ на македонско-грчката граница.

Pретпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец, објавиja попладнево повеќе медиуми. Инцидентот, според информациите, се случил околу 8 часот, кога се менувала смената, а причината засега не се знае.

Нападнатиот полицаец по 10 часот побарал лекарска помош во Клиничката болница во Битола, вознемирен и повреден од физички напад. Но, подоцна и неговиот претпоставен побарал да го прегледа лекар.

 

Од Клиничката болница Битола го потврдуваат случајот и за локалниот портал „Апла“ велат дека „имало вербална расправија со поттурнување и констатирана вознемиреност“,  но велат дека и двајцата – и граничниот полицаец и неговиот претпоставен, побарале лекарски преглед.

 

Од МВР информираа дека во текот на денешниот ден (02.10.2024) во ПС ОН Битола во два наврати, еднаш од страна на полициски службеник Б.Ј., а вториот пат од Командирот на ПС за ГП и ГН Меџитлија И.П. пријавен е настан.

„Со цел утврдување на наводите во двете пријави, известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе