Економија

Работодавачите бараат проширувања на списокот на дејности кои ќе работат во недела, синдикатите се противат

За над 85.000 работници во земјава неделата сепак ќе остане работен ден – покажале пресметките на синдикатот. За работа во недела ќе добијат една и пол дневница и слободен ден. Тие се во тие 34 дејности за кои владата, синдикатот и работодавците се согласија дека нема да важи правилото „недела неработен ден“. За сега се знае дека во недела ќе работат: аптеки, болници, транспорт, медиуми, бензински станици, хотели, ресторани, пожарникари, дејностите од јавниот ред и безбедност, погребални претпријатија, зоолошките, фармерите и други. Нема да работат големите трговски центри, освен аптеките и рестораните во нив, но и кафулињата и маркетите.

Се кршат копјата дали да се прошири листата на дејности за кои недела нема да биде неработен ден. А тоа ќе се знае до крајот на неделава, кога пак ќе треба да се состане Економско социјалниот совет.

Наша интенција е сите оние што ќе работат наброени дејности во денот недела, ден на слободен одмор, да им биде саботата или понеделникот. Значи денот што претходи или денот што следи за сите оние што работат во недела. Исто така бараме сите што ќе работат во денот недела за неделен одмор дневницата да има биде зголемена за минимум 50 проценти, рече Дарко Димовски, претседател на ССМ

Според работодавачите  ќе работи една третина од вработените во земјава. Тие бараат продолжување на списокот. Сметаат дека сега поради корона-кризата и кревката економија не е вистински момент да се донесе вакво решени. Велат ќе има негативни ефекти како намален промет и отпуштања на работници.

Јас веќе имам контакти со разни компании од малопродажба кои велат дека ќе напуштат дури и работници. Оваа идеја на владата произлегува од тоа што не дека недела треба да биде неработен ден, туку дека многу работодавачи го злоупотребуваат тоа и работниците работеа непрекинато и не им даваа друг работен ден и не им ја плаќаа неделата со посебен додаток од 50 проценти. Бидејќи и сегашниот закон предвидуваше ако се работи во недела да се земе за 50 % поголема дневница. Но некои работодавачи тоа не го почитуваа и сега тоа им се врати како бумеранг, вели Ангел Димитров, претседател на ОРМ.

Веќе стигнаа и првите реакции. Од Занаетичската комора бараат проширување на листата на дејности кои ќе можат да работат во недела. Бараат да влезат и  пекари, слаткари, кетеринг, фризери, козметичари цвеќари, забавни игри и други дејности за кои како што велат недела е неопходна за вршење на дејноста. . Од  Стопанската комора пак велат дека доставиле забелешки до министерството, а со став ќе излезат откако ќе го добијат конечниот текст. Компаниите нивни членки укажале дека ограничувањето на можноста за работа во недела, или наметнувањето на дополнителни трошоци за компаниите кај кои работењето во недела е дел од редовниот работен процес,  ќе влијаат на нивната  продуктивност, конкурентност, а може да биде доведена во прашање и атрактивноста на земјава како дестинација за странски инвестиции.- велат од комората.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Бизнисменот Крис Павловски за Телма вели дека тој не ја организирал посетата на македонската влада во Вашингтон на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе