Град Скопје го испрати налогот исплата на регрес за годишен одмор, на наставниците под надлежност на градот, до Министерството за финансии, и иако имало начелна согласност со министерката за образование, министерката за финансии е таа која одбива да го процесуира налогот.
За своите институции доколку министерката за финансии обезбедила средства за регрес нека ги пушти кога таа сака, додека за училиштата под надлежност на град Скопје како исполнување на наша обврска, градот Скопје регресот го пушти минатата недела и чекаме министерката за финансии да го реализира налогот, порачуваат од Град Скопје.
Тие појаснуваат дека финансиските средства за регрес од годишен одмор за 2024 година за училиштата под надлежност на градот биле планирани и обезбедени во Буџетот на Град Скопје за 2024 година, а налогот веќе е потпишан и пуштен за истите да се исплатат преку Министерство за финансии.
Со оваа политички мотивирана одлука со која се блокира исплатата на регресот од страна на Министерството за финансии, директно се наштетува на вработените во образовните институции во градот Скопје, кои заслужуваат да се мотивираат со цел постигнување успешност во работата, обвинуваат од Град Скопје.