Ковид19 Најважни Свет

Ковакс ги објави количините дози за првиот квартал, Македонија ќе добие 103.200 вакцини против Ковид-19

Иницијативата на ОН, Ковакс планира во првата половина од годинава да испорача 337,2 милиони дози вакцини против Ковид-19. 103.200 дози ќе добие Македонија а Ковакс во дописот пратен пред неколку денови тврди дека ќе во земјава ќе пристигнат во првиот квартал од годината. Според ООН 337-те милиони дози ќе бидат доволни за вакцинирање на 169 милиони луѓе со двете дози, или речиси три проценти од популацијата во 145 земји кои учествуваат во иницијативата. Од нив 336 милиони дози ќе бидат од вакцината која ја развија АстраЗенека и Оксфорд, но која отсега ќе се произведува во Индија.

Задоволство ни е да го објавиме склучувањето на долгорочниот договор за снабдување со Серумскиот институт на Индија за вакцини против Ковид-19, кој ќе ги произведува двете вакцини на АстраЗенека и Новавакс. УНИЦЕФ заедно со нашите партнери во набавките, вклучувајќи го и ПАХО, ќе има пристап до 1,1 милијарда дози на вакцината за околу 100 земји, по цена од речиси 3 американски долари од доза за земјите со ниски и средно ниски примања, порача Хенриета Форе  Извршен директор на УНИЦЕФ.

Покрај овие, во првиот квартал се очекуваат и дополнителни 1,2 милиони од вакцината на Фајзер Бионтек а СЗО се надева испораките да почнат кон крајот на февруари.

Со овие денеска објавени распределби, на пат сме вистински да започнеме со балансирање на глобалната мапа, која до сега покажува, како што знаете, колку многу од земјите со ниски приходи се уште немаат вакцинирано ниту едно лице, додека другите побогати земји продолжуваат кон масовна вакцинација, вели заменикот на извршниот директор на Коалицијата за апидемски подготвителнби иновации Фредерик Кристенсен.

Ковакс ќе ги распоредува дозите во земјите пропорционално на бројот на населението. Најмногу ќе добие Индија 97,2 милиони, потоа Пакистан 17,2 милиони, Нигерија 16 милиони, Индонезија 13,7 милиони, Бангладеш 12,8 милиони и Бразил 10,6 милиони. Меѓу земјите во регионот, најмногу ќе добие Србија 345.600 дози, таму веќе се вакцинирани речиси 514.000 лица со вакцините Спутник и Синовак, потоа Босна и Херцеговина со 177.000, за каде Ковакс системот посочи дека веќе пристигнале дози од вакцината на Фајзер Бионтек, потоа Албанија – 141.600, Косово 100.800 и Црна Гора 84.000 дози вакцини.

Во меѓувреме, британски научници започнаа со истражување за да утврдат дали има потенцијални придобивки ако двете дози на вакцината бидат од различни производители. Целта е да се постигне поголема флексибилност поради ограничената достапност на вакцините и да се утврди дали ваквиот пристап на вакцинирање обезбедува поголема заштита од вирусот.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе