Вести Македонија

Ер тракторите почнаа да го гаснат пожарот на Серта

Ер тракторите почнаа интензивно да го гаснат пожарот на Серта во штипскиот дел.

Воздушната поддршка која се бараше од пожарникарите и општината од денеска и почна на две локации над селата Селце и Драгоево и на ридот Штракалево кон полигонот Пенуш.

Огнените стихии се на непристапни планински терени и во долови.

На повеќе локации во земјва има пожари и тоа на непристапни терен длабоко во планините. Хеликоптери, ер трактори, авиони од странство помагаат на нашата земја во гаснењето на огнените стихии. Од воздух се гасне и пожарот во неготинскиот дел на планината Серта.

Помош пристигна од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Романија. На терен се и пожарникарите, 100 припадници на Армијата и 30 припадници на полицијата.

Авионот од Романија пред неколку години го видовме и во гаснењето на пожарите во Малешевијата, овој авион водни бомби ќе фрла и ќе делува на пожарот на Солунска глава.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај валандовско Грчиште е под контрола

Дејан Дејан

Повисоки цени во однос на мај – услов за активирање на владини мерки

Дејан Дејан

Муцунски: Во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе