Вести Македонија

Усмртено мече кај вториот каменолом на патот Гостивар – Охрид

Мечка е усмртена откако во неа изутрина удрило возило на патниот правец Гостивар – Охрид, а нема повредени лица. Според пријавата на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, сообраќајната несреќа се случила во 05:37 часот кај вториот каменолом на патот Гостивар Охрид.

„На местото на несреќата, присутни се полициски службеници од полициска станица Гостивар и увидна екипа. Исто така, известени се и Националниот парк Маврово и ТППЕ – Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат“, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе