Вести Македонија

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

37-годишен жител на Куманово е уапсен бидејќи се заканувал на жена и нејзиниот сопруг а истотака повеќе од 18 месеци ја уценувал и ознидувал пари од неа. За тој период “наплатил” со изнуда 16.000 евра. Полицијата најави кривична пријава.

Во продолжение, соопштението на МВР:

На 14.06.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг и дека од декември 2022 година до 13.06.2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Мицкоски: Размислуваме да воведеме данок за немажени и неженети

Дејан Дејан

(ФОТО) Без доволно храна и вода, морето е единствено разладување за луѓето од Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе