Со одлука од судот во Стразбур донесена против Полска, министерот за правда во заминување Кренар Лога, испрати уште еден апел до новата власт дека загрозување на судската независност е распуштање на судскиот и обвинителскиот совет.
Европскиот суд за човекови права утврдил дека на судијата Гржеда кој бил отстранет од Националниот судски совет, пред да му заврши мандатот, му било повредено правото на правично судење и дека со судските реформи кои се спорведувале судството било изложено на мешање од другите две власти. На брифингот со новинарите посочи и пресуда од Управниот суд кој пресудил во корист на член на второстепена државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка на работен однос
-Денеска имав можност да споделам со новинарите две битни пресуди од домашна институција, како и од Европскиот суд за човекови права. И во првиот и во вториот предмет се докажува дека не може да се направи прекин на мандат на институција која е загарантирана со право од Уставот, рече Лога.
Иако во пред една година беше во војна со Судски, Лога вели дека сега не ги брани лично нив туку е на вистинската страна за владеење на правото. Тврди дека тогаш се залагал на членовите да им престанат мандатите на начин на кој е предвидено во законите а не да има распуштање како што се најавува сега. Лекот за Судски го гледа во препораките на Оценската Мисија на ЕУ.
За критиките од мандатарот Мицкоски дека наместо да работи за граѓаните и да ја зголеми довербата во судската власт, плодна почва за кадрите од правосудството барал во Зајас, Лога вели
-Кога ја прочитавме изјавата на господинот Мицкоски, сите се насмеавме кај мене во кабинет бидејки сите тие луѓе што се апострофирани од мандатарот се луѓе кои се вработени во времето на ВМРО ДПМНЕ.
За разлика под тоа што ВМРО ДПМНЕ не учествувала во работните групи за законите, Лога тврди дека е отворен за соработка и совети но најавува дека до запирка ќе следи што се случува во ресорот правда и како што рече, ќе биде огледало на новата власт.
На брифингот, новинарите добија и список за сработеното во правда, за време на неговиот мандат. Во листата на закони донесени од Собранието ги немаше контроверзните измени на Кривичниот законик кои се уште предизвикуваат последици со застарување на предмети и илјадници евра трошоци за пропаднатите судски постапки.
Елена Ивановска Мукоска