Двe возила се судрија кај мостот „Беласица“ што предизвика застој во сообраќајот околу железничката станица во Скопје. Тоа дополнително го отежнува и онака проблематичниот секојдневен проток на автомобили низ центарот на главниот град во попладневните часови, поточно меѓу 15 и 17 часот.
Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно информира дека денеска, утре и задутре (12, 13 и 14 јуни) ќе има посебен режим на сообраќај на поширокото централно подрачје на Град Скопје поради министерскиот состанок во рамки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, СВР Скопје.