Вести Македонија

Тефтерчето на Горде (Јанкуловска) и Сваровски судство контра гугл мапс обвинители од Зајас- нова дебата за правосудството меѓу Мицкоски и Лога

Мандатарот Христијан Мицкоски го обвини министерот за правда Кренар Лога дека тој неуспешно работел за враќање на доверба во судскиот систем која владее меѓу граѓаните, како и дека бирал Зајас судии и обвинители. Но Лога му врати дека неуспехот на правосудството е креиран од судии избрани во времето на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

-Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат наместо да има судството доверба кај граѓаните 2; 3; 3,5 % да направи реформи и таа доверба да ја зголеми, за жал ја пропушти. Сега ќе дојде некој друг на негово место кој што се надевам дека ќе успее барем двоцифрена да ја направи, и тоа многу двоцифрена. За жал тој одлучи наместо да работи за граѓаните, плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството посебно и судство да биде Зајас, мислам дека лоша локација на google maps нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за правда, со експертите да работи и да соработува.

Лога пак врати дека тој имал мандат од лански март, а премиерската кариера на Мицкоски зависела од Зајас пред 4 години.

– Среќата за да бидете премиер уште од 2020 ви беше меѓу Зајас и Мала Речица, понекогаш и седиштето Ви беше таму, односно како замрзнат имот пред суд. Можеби и бевте во право, но тогаш судбината, според Вашите луѓе, висеше во тие координации. Јас сум одговорен за Министерството за правда од 01.03.2023 и мојата одговорност е ограничена поради фактот што сите тие кадри со кои Вие спинувате, се вработени како дел од Вашето владеење од 2006-2017, некои од тефтерчето на Горде, некои од „сваровски“ судството кои Вие повеќе од една деценија си го изградивте, соопшти министерот за правда во заминување.

Тефтерчето на Горде (се мисли на поранешната министерка за внатрешни работи Јанкуловска) и Сваровски судство произлегоа од таканаречените бомби односно прислушуваните разговори на функционерите од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со премиер Никола Груевски, на кои се слушаше како се договара избор на судии преку партиски штабови и списоци кои подоцна ги бираше Судскиот Совет, единствен надлежен за избор на судии.

Од друга страна, од родното место на Али Ахмети, Зајас, е актуелниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Абази беше избран на непосредни избори од самите обвинители иако немаше ниту ден стаж или истрага за организиран криминал и за висока корупција. Беа обајевни видеа и фотографии на Абази како седи на ловџиска вечера со Али Ахмети или пак е во друштво на братот и на блиските соработници на лидерот на ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе