Вести Македонија

Двајца рудари тешко повредени во ноќна смена во рудник во Пробиштип

Двајца рудари од Пробиштип се тешко повредени при работа во рудник во Пробиштип. Едниот има 20 години, а повозрасниот е на 38-годишна возраст. Несреќата се случила ноќеска, а полицијата била озвестена од Итната помош, стои во дневниот билтен на МВР.

На 10.06.2024 во 22.08 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(38) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во с.Добрево, пробиштипско. Увид бил извршен.

На 11.06.2024 во 00.48 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Р.(20) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе