Вести Македонија

Колеќевска Георгиевска од „Шанса за Центар“ во „Топ тема“: Ниту зголемениот број на потписи за независни листи, ниту начинот на нивно собирање ќе нè поколеба да учествуваме на избори

Бројот на потписи што треба да го собереме се зголеми. Конкретно во Општина Центар претходно собиравме 250 потписи, сега треба да собереме нешто повеќе до 400 потписи за да може да учествуваме на наредните избори, меѓутоа не е само собирањето на бројот на потписи, туку и начинот на кој се собираат, истакна Наташа Колеќевска Георгиевска од „Шанса за Центар“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Се предвидува исклучително да биде во канцелариите на ДИК. За скопските општини можеби и не е толку проблематично, меѓутоа ако ги земете во предвид руралните општини каде што канцеларијата на ДИК може да биде километри оддалечена, што значи некој треба специјално да запали кола или да најде превоз за да оди да даде потпис за некоја независна листа. Кога ги усвоија измените на изборниот законик, независните излеговме со барања за промена на тие членови. Барањата ни беа токму во оваа насока – потписите да не се собираат исклучиво во канцелариите на ДИК, односно да се дозволи собирање на потписи и надвор од тие канцеларии, со цел да се приближиме до граѓаните кои што сакаат да дадат потписи, да се продолжи времето за собирање на потписите, да ни се дозволи да ги користиме имињата со кои се промовираме, како „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош“, „Стига е“, итн“, истакна Колеќевска Георгиевска.

Според неа, тоа не ги обесхрабрува и порача дека „што и да направат, ние ќе се обидеме и ќе учествуваме на изборите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен не најде дискриминација кај судијата Димовски

Дејан Дејан

Расправа за ребеланс на буџет

Дејан Дејан

Прегазен на пешaчка патeка пред владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе