Вести Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова утре ќе го врачи мандатот за состав на Влада

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, утре на 6 јуни во 12 часот, ќе му го врачи мандатот за состав на Влада на претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  соопштија од претседатлскиот Кабинет. Врачувањето на мандатот ќе се одржи во Вилата Водно.

На парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај оваа година,  ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, односно, 58 пратеници во Собранието.

Мицкоски денеска изјави дека преговорите со идните владини партнери се при крај, но не соопшти детали околу кадровските решенија. Коалициски партнер во идната Влада ќе биде коалицијата „Вреди“ и најверојатно движењето ЗНАМ.

Според законските рокови, Владата треба да се формира во рок од 20 дена по врачување на мандатот, а подршката за нов состав на владиниот кабинет, понатаму треба да го добие со мнозинство гласови во Собранието.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Дејан Дејан

Пожарите кај Измир ставени под контрола, огнената стихија сѐ уште беснее во Хатај

Дејан Дејан

Трамп го потпиша новиот закон за даночни олеснувања и кратења на социјални програми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе