РЕК Битола, од вчера од 15.30 часот е во колапс. Сите три болка се надвор од мрежата и Комбинатот веќе со часови воопшто не произведува струја. Со неработењето на Блок 2 всушност не работи ниту еден од блоковите.
Од ЕСМ велат дека се работи на отстранување на проблемот и ослободување на два од трите блока. Се надеваат дека до вечерва проблемот ќе се реши.
Операциите за ставање во употреба на Блок 1 се во тек и по нивното завршување Постројката ќе биде на мрежа и ќе испорачува електрична енергија во електро-енергетскиот систем. И во наредните денови, согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола ќе продолжи да работи со еден блок, Блок 1, а останатите два блока ќе бидат на располагање, информираат од РЕК Битола.
Годинава во март исто така сите три блока на РЕК Битола беа надвор од мрежата.