Вести Македонија

Димовски во Топ Тема: Судскиот совет со ништо не е поврзан со изборите

Судскиот совет со ништо не е поврзан со изборите и може да продолжат постапките за избор и одговорност на судии, истакна во вечерашната Топ Тема, Саше Димовски, новинар.

Тој рече дека членовите на судскиот совет станаа „самораспуштеници“ и дека направија нешто што никој не го бараше од нив.

„Во дел од тие постапки може да настане сериозна штета поради однесување на некои од тие судии и искрено ги прашувам овие членови на Судскиот совет кои станаа и ја напуштија седницата, кој утре ќе ја надомести таквата штета. Да заклучам Судскиот совет мора да продолжи да работи и не може да го чекаме до септември за тие да се вратат и да ги спроведат постапките. Во исто време можат да ги направат и постапките за оценување во овој период, а се согласувам дека можеби изборот, односно дисциплинската постапка кога станува збор за разрешување да ја направат до септември, меѓутоа која ни е гаранцијата дека ние и овој пат би имале успешни избори“, рече во вечерашната Топ Тема, Саше Димовски, новинар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе