„Партии се секогаш инвентивни како да ги кршат законите бидејќи за нив гласаат и пратениците од опозицијата и од власта. Кампањата е веќе започната, иако официјално почнува 20 дена пред изборите, односно треба да започне на 4-ти април, а гледаме дека претседателските кандидати одат на псевдо настани, но има дупка во законот и партиите не сакаат да најдат решение и не им одговара овој проблем да го решат системски“, рече во вечерашната Топ Тема, Горан Трпеноски, поранешниот член на Антикорупциска комисија.
Според него проблем се социјалните мрежи и интернет просторот каде нема контрола, каде партиите промовираат спотови, вели Трпеновски кој смета дека на социјалните мрежи ќе биде главната кампања бидејќи нема контрола и на потрошените пари.