Македонија

Уставнот суд утре прославува 60 години од постоењето. Тема во фокусот – Уставно-судска заштита на слободата на изразувањето

По повод 60 години од основањето, Уставниот суд на Република Северна Македонија, ќе биде домаќин на Меѓународна конференција која ќе се одржи на 15.03.2024 во Собранието.

Тема на конференцијата ќе биде „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“

Настанот се организира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и му претходеше склучување на Меморандум за разбирање. Оваа конференција претставува можност и форум за презентација и дискусија на искуствата, методите и доктрините на темата на Конференцијата да се обратат претставници на уставните судови и меѓународните институции. Претставници на медиумите, невладиниот сектор исто така ќе бидат дел од овој настан, за да го споделат своето искуство и согледувања на темата.

Во рамки на Конференцијата ќе се обратат 18 говорници, меѓу нив, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, судијата во ЕСЧП, Јован Илиевски, Рената Дескоска-член на Венецијанска комисија, амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал, 14 претседатели, судии и експерти од европскиот регион. На конференцијата свое воведно обраќање ќе дадат: претседателот на Републиката, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Јован Митрески, претседателот на Владата, Талат Џафери, министерот за правда Кренар Лога,  амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер и заменик шеф на ЕУ Бен Нупнау, Мирјана Лазаревска Трајковска, врховен судија и поранешен судија во ЕСЧП и други…

Модератори на конференцијата се Христина Беловска, портпарол-советник на Уставниот суд за односи со јавноста и Маргарита Цаца-Николовска, претседател на Институтот за човекови права и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права избрана од Република Северна Македонија.

Со оглед на високите безбедносни протоколи ги замолуваме претставниците на медиумите да го најават присуствoто на своите тимови(име презиме и медиум) на [email protected]   најдоцна до 18 часот денеска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе