Вести Македонија

Им давал плати на 6-мина кои не доаѓале на работа- кривична пријава за поранешниот директор на Фондот за пензиско осигурување

Полицијата објави дека поднела кривична пријава против поранешен директор на Фондот за пензиско осигурување, за злоупотреба на службена положба, поради тоа што потпишувал исплата на доход на вработени кои не доаѓале на работа.  Станува збор за 6-мина ангажирани за определени задачи на кои и покрај тоа што не доаѓале и не ги завршувале обврските им биле исплатени околу 22 и пол илјади евра.

Со исплаќањата спротивно на законот, буџетот на Фондот за пензиско осигурување е оштетен за исто толку пари, соопшти МВР. Полицијата му поднесе кривична пријава на директорот затоа што и покрај тоа што знаел дека не биле извршувани работните обврски, тој потпишувал исплата. Осомничен е 45-годишниот тетовец Д.Б., а проневерите се случувале од февруари 2022-ра до март лани, кога директор на Пензискиот Фонд беше Дритан Беџети.

Во продолжение целото соопштение на МВР за кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршител на функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. во име на фондот склучил повеќе договори  за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25 ст.1 од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.

Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот на Република Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе