Алтернативи мора да има, алтернатива за една мала држава е неутралноста, рече универзитетската професорка и кандидатка на Левица за претседателка на Македонија, Билјана Ванковска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Ние сме на линијата на фронтот. Тоа ни го кажаа уште многу одамна од Стејт департментот. Ова не е комотна позиција. Дури и да е НАТО, дури и работите ескалираат, ако големите сили не се вразумат, овој свет оди кон една апокалиптична судбина. И тука не знам колку нашето членство во НАТО ќе нè заштити од нуклеарен, не дај боже, судир или нешто подраматично“, смета Ванковска.