Вести Македонија

Ескобар: САД очекуваат по изборите да се формира Влада посветена на НАТО и на интеграцијата во ЕУ

САД очекуваат кој и да дојде како идна влада во Македонија, да биде посветен, меѓу другото на борбата против корупцијата. Ваква порака од Брисел денеска од брифинг за за новинарите испрати заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, кој во рамки на европската турнеја во регионов ќе ги посети Косово и Црна Гора.

Македонија ќе биде заобиколена, поради како што рече Ескобар, две причини, приоритетот кој за него во моментов го имаат состојбите во Косово и Црна Гора.

Од две причини. Едната е состојбата во Косово и има потреба да го посетам Косово. Од друга страна Црна Гора се сочува со многу, многу важни избори, кои ќе бидат многу критични за нејзината иднина и не сакам некој да мисли дека САД се мешаат во избрната кампања која се одвива таму во моментов. Тоа што се случува во Северна Македонија во моментов, можам да кажам дека Северна Македонија била многу цврст партнер и билатерално и мултилатерално како што се НАТО и ОБСЕ. Претходната влада беше посветена на членството во НАТО, посветена на кандидатурата за ЕУ и нашите очекувања се дека кој и да ја наследи по изборите исто така ќе биде посветен на членството во НАТО, посветен на кандидатурата во ЕУ и посветен на борбата против корупцијата. Се надевам дека по изборите ќе има можности да ја посетам Северна Македонија, рече Ескобар.

Заменик-помошник државниот секретар на САД притоа изрази загриженост за ситуацијата во Косово, особено од комуникацијата која имаат со косовскиот премиер, Албин Курти, околу враќањето на дијалогот со Србија и исполнување на договореното од Брисел и пред се Охрид.

Според Ескобар со игнорирање на дијалогот, Косово ги игнорира европските партнери и невозможно е така да направи понатамошната интеграција кон ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе