Вести Македонија

Промовиран филмот „Скршени синџири“ за повратниците од ИСИС

Центарот за заедничка основа (ЦЗО) во соработка со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам го промовираа филмот „Скршени синџири: враќање по ИСИС“ за повратниците од оваа организација во Македонија. Ова е прв филм од ваков вид кој прикажува вистински приказни на две жени повратнички од Сирија и нивното патување во својот роден крај. Сега тие и нивните деца се успешно интегрирани во нашето општество.

Филмот на режисерката Сибел Абдиу е дел од медиумската кампања спроведена на национално и локално ниво за да се подигне јавната свест, но и да се покрене превенција против насилството и прифаќањето на овие луѓе.

Филмот е направен во рамките на проектот „Градење отпорни и инклузивни заедници“ финансиран од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедниците (GCERF).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе