Вести Македонија

Отежнати услови за непартиско кандидирање

Последните измени на Изборниот законик ќе ги отежнат па дури и спречат независните кандидатури. Граѓанските активисти и советници кои на последните локални избори освоиле мандат без партиска поддршка реагираат на зголемувањето на бројот на потребните потписи.

На пример, ако во 2021-та, за кандидирање во Советот на град Скопје биле потребни илјада потписи, во 2025-та ќе бидат потребни над 4 илјади 600. Толку всушност „тежи“ едно советничко место. Таков ефект ќе има новиот член на законот со кој се пропишува дека е неопходно да се соберат 1 одсто од запишаните избирачи.

Изборниот законик беше изменет минатата недела, по предлог на четирите најголеми партии: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса. Главен акцент беше ставен на решението за гласање со лични документи чија важност истекла шест месеци пред изборниот ден.

Законот беше изменет без дискусија. За 8 граѓански организации, „партиите наликуваат на трговски друштва кои на изборите гледаат како на можност за заграбување на што поголем дел од ресурсите за нивните партиски цели.

Со ова, само ја зацврстуваат монополската позиција и оневозможуваат влез на независни листи“, се вели во нивното соопштение.

На овие парламентарни избори, се собираа потписи само за една независна листа, а резултатот беше далеку од потребните илјада. Но, на последните локални избори ситуацијата беше сосема поинаква. „Независните“ беа конкурентни и освоија советнички места во 33 општини.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе