Неколку десетици дрвја се исечени долж течението на реката Пена кон месноста Бањиче, акција на тетовското комунално претпријатие, со образложение дека се работи за чистење на коритото и мерки за превенција од поплави, која била спречена да продолжи од полицијата, по пријава на вработен во Национални шуми.
Но, граѓаните и активистите со осуда, затоа што сметаат дека долгогодишните дрвја не пречеле на коритото и текот на реката, напротив штителе од ерозија.
Ова што го гледате овде е масакар, ова е вчера направено, јас одам редовно овде и вчера кога видов ова е страшна работа. Голо е сега се, реагираат граѓани.
Од Еко герила ја поздравуват акцијата за чистење на коритото, но за да се сечат дрвја велат дека треба соодветен елаборат.
Прво треба да видиме дали има еколошки елаборат за ова чистење кој ја има донесено оваа одлука, кој дрва треба односно не треба да се сечат. И тука за работниците на ЈКП не сме сигурни далии имаат направено добра одлука. Ние сме против секое поединечно сечено дрво само во случај ако нема негативен ефект, рече Нгадњим Мехмети од еколошкото здружение Еко герила.
Од раководството на Комуналното претпријатие за тоа што биле спречени во работа од страна на шумската полиција, обвинуваат дека се работи за опструкции во нивното работење од страна на централната власт. Потенцираат дека одржувањето и чистењето на реката е обврска на Општина Тетово, а не на полицијата или шумската полиција.
Данијела Билбилоска