Вести Македонија

Осомничен за силување на малолетничка – ОЈО Битола бара притвор за 21-годишник

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – „Силување дете кое не наполнило 15 години“ од член 188, став 1, во врска со член 45, од Кривичниот законик.

„Во периодот од август до крајот на декември во 2023 година, осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче“, се вели во соопштението на ОЈО Битола.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе