Вести Македонија

Купиле 900 фалсификувани евра за трипати помала сума и пазареле низ Куманово и Крива Паланка

Полицијата уапси 5-мина за фалсификување на евра. Уапсените користеле фалсификувани банкноти од по 100 евра кои ги “набавиле” во главниот град Скопје. За лажните пари платиле трипати “поефтино”.

Полицијата го објасни целиот случај во своето соопштение:

На 08.03.2024 полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово во село Ранковце ги лишија од слобода А.А. (31) од Скопје, И.М. (23) од Крива Паланка, Д.С. од Скопје, М.А. (24) од Скопје и З.Р. од Скопје.

Тие се сомничат дека извршиле кривично дело “Фалсификување пари” предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18 000 денари од истиот купиле 9 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра.

Истите во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра. Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите 5 лица им е определен 30 дневен притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Две нови барања на семејства на загинати во пожарот во „Пулс“ во Кочани, во сабота нов „Марш на ангелите“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе