Вести Македонија

Студентски глас за дигитализација на факултетите и универзитетите, наместо губење време по шалтери

Студентите бараат дигитализација на македонските факултети и универзитети. Светот веќе работи на вештачката интелегенција и регулирање на нејзините права, а нашите студентите сè уште губат време по студентските шалтери. Во годината што изминува младите гласно побараа дигитализација на високото образование, со еден клик од компјутерите или паметните телефони да стасат до книгите или да пријават испити.

Комуникологот Бојан Кордалов, кој ги поддржува македонските студенти, вели дека проблемот лежи во тоа што ние сѐ уште дискутираме за тоа дали е добро нешто да се дигитализира, наместо да преземеме соодветни чекори за да го сториме тоа. Можеби парите се пречка, но според него политичката елита треба да си го постави и прашањето колку, пак, губи обичниот човек, но и државата.

Студентите во Новата година сакаат политичарите да им ги реализираат нивните едноставни барања, желби, за подобри услови за студирање, стандард, сместувачки капацитети, реална, а не фиктивна, практична настава, а на врвот на листата на приоритети им е дигитилизација на македонските универзитети. За неа, сепак, потребна е политичка волја. Токму од оние кои што ја водат државата, зависи кога ќе тргне овој процес со измените на неколку закони.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе