Вести Македонија

„Блупринт“ повикуваат на внимателно постапување од Судски совет при утврдувањето одговорност за Адеми

Блупринт групата за реформи во правосудството повикува на внимателно постапување од страна на Судскиот совет за утврдување на одговорност на претседателката на Врховен, Беса Адеми.

Од групата велат дека загрижува постапувањето на Советот, бидејќи на седниците е констатирано неприсуството на претседателот на Врховниот суд, како и недоаѓање на состанок откако од нејзина страна биле изнесени наводи за притисоци врз Врховниот суд.

  • Не загрижуваат и денешните наоди изнесени на седницата согласно кои претседателката не го почитува Законот за Судски совет, а истата не била повикувана на седниците во законски определениот рок од седум дена токму во временски период за кој се повикува на одговорност за недоаѓање на седниците. Дополнително, беше побарано од истата да приложи дополнителна документација со која ќе го оправда своето отсуство.

Од Блупринт бараат Судскиот совет доследно да ги следат основите наведени во барањето за утврдување на одговорност, а да се воздржи од вметнување дополнителни наводи кои не се наведени во барањето.

  • Дополнително, мора да потенцираме дека загрижувачки е што расправата на комисијата се одржa на 29.12.2023 година, односно на последниот работен ден од годината, непосредно пред новогодишните и божиќните празници. Ваквото постапување предизвикува потенцијален ризик од намалено вниманието на домашната јавност и меѓународните претставници за следење на седницата која е од исклучително значење за понатамошните состојби во правосудниот сектор, имајќи предвид дека станува збор за постапка која се води против претседател на највисокиот суд во државата.

Овие последици пред се ќе бидат посебно отежителни за судиите и погубни за целото судство, поради тоа што ќе се зголеми притисокот од тоа дека истите можат да бидат дисциплински процесуирани и за банални работи како во конкретниот случај, велат од Блупринт. Треба да се има во предвид досегашната пракса на ССРСМ за не покренување на одговорност на претседатели на ВСРСМ во слични или исти ситуации кога не присуствувале на седниците на ССРСМ години наназад.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе