Вести Македонија

УЈП: Нема застој во системот за плати, функционира непречено

Од Управата за јавни приходи (УЈП) за Телма информираат дека нема застој во системот за плати и истиот функционира непречено.

„Со цел да се избегнат гужвите и да се овозможи да се обработат и исплатат декемвриските плати во последните неколку дена од месецов, вчера и денеска вработените во РД Скопје работат до 19 часот и ги примаат пресметките за МПИН со што се овозможува сите работодавачи кои имаат подготвени пресметки, истите да ги достават и исплатат плата за вработените“, велат од УЈП.

Оттаму додаваат дека од вкупно 64.900 очекувани МПИН пресметки, до сега прифатени се 39.090, а според статистиката, од почетокот на оваа работна недела, системот на дневна основа обработувал во просек од над 5.500 пресметки за МПИН.

„Постојат периоди каде поради поднесување на исти образци и по неколку пати, се создава мал застој во обработката на МПИН пресметките, но системот непречено функционира, истиот не е во застој и ги обработува пресметките како што се испратени на е- пошта[email protected]“, додаваат од УЈП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе