Вести Македонија

Судијката Ристова бара Врховен да го укине изборот на 8 судии за Апелација

Судијката Оља Ристова од Кривичниот суд која минатиот месец не беше избрана во скопска Апелација, побара од врховните судии да го укинат изборот и постапката да се повтори. Пред жалбениот совет во највиоскиот суд, објасни дека одлуката, со која како трето рангирана не беше избрана а судии со помалку бодови од неа добија поддршка од судскиот совет не била обралзожена. Имало многу бројки но не и причините зошто не гласале. Наместо по мерит систем, членовите на Судкси одлучувале субјективно

-Од страна на членовите е искористено нивното дискреционо право и арбитрерност при одлучувњето.Тоа значи дека покрај постоечките критериуми, квалитативни и квантитативни, кои што се предвидуваат со самата методологија и кои што на крајот ги дале резултатите за конечната ранг листа за најдобрите кандидати, Судскиот совет при одлучувањето кај членовите преовладал нивниот субјективен карактер, нивното субјективно размислување на поедини кандидати и на тој начин го извршиле изборот, рече Ристова. 

Нејзиниот полномошник, адвокатот Туфегџиќ се осврна на бадентеровото мнозинство затоа што Ристова дови доволно гласови  за да биде избрана во првиот круг гласање со сите ченови но не и кога гласаа членовите од заедниците. Според адокатот кој поенцираше дека припаѓа на помала етничка заедница, бадентеровото мнозинство во сучајот со Ристова било употребено како механизам за елиминација на кандидат од мнозинска заедница иако целта на овој механизам е заштита на правата на помалите етнички заедници.

-Сметам дека бадентеровото мнозинство не може на ваков начин, без образложение со своите постапки да нанесува штета на кандидат од мнозинските заедници, рече тој во изјава за медиуми по расправата. Членовите на бадентеровото мнозинство, остануваат должни, , да кажат што е тоа што кај нив превагнало да не укажат доверба на овој кандидат, а од друга страна, укажале доверба на кандидатите кои се далеку подолу рангирани и со значителен број помали бодови, изјави Владимир Туфегџиќ.

Според Туфегџиќ не е во духот на Уставот, ниту тоа што по бадентер во Судски гласале 5 членови наместо 4. Очекува Врховниот суд со оваа одлука да донесе унифицирано правило за во иднина да се отстрани било каков сомнеж за бизнис и политички влијанија и злоупотреба на бадентер. Со жалбата се критикува и начинот на кој се делеле бодови за сертификати по англиски јазик.

Освен Ристова, уште 5 мина судии се жалат на ноемврискиот избор во кој Судски избра 4 судии за кривичниот и 4 за граѓански одддел во скопска Апелација. Единствено за Ристова имаше јавна седница по нејзино барање. Жалбениот совет дополнително ќе одлучува.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Лагард: Посилен единствен пазар на ЕУ за борба против царините

Дејан Дејан

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе