Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката што попладнево се случи на патот Неготино – Кавадарци, потврдија од здравствениот дом во Неготино.
Оттаму појаснија дека едно лице починало на лице место, а друго се здобило со повреди и е на хоспитализирано во кавадаречката болница.
Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката и рекоа дека се случила кај селото Марена.
Јавното обвинителство нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена, во која учествуваа три патнички моторни возила. Како што појаснија од Обвинителството за МИА, бил извршен увид на лице место на патот Неготино – Кавадарци. Еден возач починал, друг бил повреден. Две лица биле неповредени во третото возило.