Вработени во министерството за финансии, управата за имотно-правни работи и бирото за јавни набавки, членови на синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, протестираа пред уставниот суд за времената мерка со која им се стопира исплатата на зголемувањето на платите за 30 отсто.
Бараат средба со претседателката на уставниот суд, Добрила Кацарска за да им каже кога судот ќе ја донесе конечната одлука и дали се планира да ја поништи одредбата од законот и вработените кои протестираат да ги враќаат парите.
Додека УПОЗ протестираше, претседателката на уставниот суд ја држеше последната прес- конференција, велејќи дека е нарушено владеењето на правото со воведување на категоријата надополнување на плати. Објасни дека такво право нема утврдено ниту во закон ниту во колективен договор.