ДУИ ги дискриминира тетовци за 100 милиони евра во здравството, обвинија денеска од Демократското движење. Докторот Реџеп Мемеди, во име на движењето, презентираше и бројки за тоа колку пари се издвоиле во конкретни здравствени установи.
Лани, според него, Фондот за здравствено осигурување за болницата во Штип издвоил 12,137 денари, за болницата во Битола 9.608 денари, а за болницата во Тетово 4.599 денари по осигуреник.
Ист, според нив, е случајот и со здравствените домови и со центрите за јавно здравје. Фондот за здравствено осигурување за Кратово доделил 6.178 денари, а за здравствен дом Тетово 890 денари, што е за седум пати помалку. На Центарот за јавно здравје во Битола пак му се доделени 742 денари, а на тој во Тетово 290 денари по осигуреник.