Надлежните преку показна вежба демонстрираа колку опасни може да бидат петардите. Додаваат дека не се играчка, а нивното користење е строго забрането. Празничното пукање може да биде опасно по животот и здравјето на луѓето, оставајќи тешки последици кои може да го загрозат и животот на еден млад човек. На глобално ниво секоја година над 150.000 лица остануваат инвалиди поради користење на петарди, а 80% од нив се деца, додаваат тие.
„Еден млад живот од една секунда експлозија на петарда целата негова иднина се менува. Целиот негов живот оди во друг правец и затоа апелираме и го пренесуваме тоа до нашите ученици дека овие презентации пораките да ги пренесат до нивните другари, до родителите и ние како родители имаме обврска да бидеме вклучени во заштитата на нашите деца“, Софија Пејкова директорка на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
Под мото „Петарди не, безбедност пред се“ се спроведува кампања на МВР во соработка со Црвениот крст, како и со клиниката за пластична хирургија. Со апел до младите да не ги користат петардите, за поубаво да ги поминат празниците.
„Учеството наше е во предавања, во активности кои ги организираме се со цел да ја подигнеме свеста кај младите луѓе од опасностите што може да ги предизвикаат неконтролираната употреба на пиротехничките средства“, вели Саит Саити, директор на Црвен крст.
Секојдневно се запленуваат големи количини на пиротехнички средства,а контролите на МВР продолжуваат во речиси сите градови низ државата.
Симона Петровска