Вести Македонија

Груби се обложува на Американците дека ќе ги претркаат Кинезите при изградба на патот Кичево-Охрид

Иако незавршувањето на автопатот Кичево-Охрид стана синоним за спора работа по македонски терк проткаен со неспособност и со трошење на стотици милиони евра пд кредити и од буџетот на граѓаните, на вицепремиерот Артан Груби не му пречеше да признае дека “удрил” кладба со американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка.

Груби тврди дека се обложил со Американците дека тие ќе ги изградат своите делници на Коридорот 8 низ западна Македонија пред Кинезите да го завршат Кичево-Охрид, иако имаат предност од речиси деценија.

-Коридорот 8 и 10-д кој што при крај на следниот мандат ќе биде реалност и го кажав на вашата конференција во Охрид. Имаме кладба со господата од Бехтел и Енка, го гледам и Џамир тука, дека тие ќе ги изградат нивниот дел од Коридорот 8 пред да заврши изградбата на Кичево-Охрид кој што го гради кинеската компанија Синохидро. Изгледа дека ќе ја добијат кладбата господата од Бехтел и Енка, изјави синоќа Артан Груби на отчетот за годишни достигнувања на Јавното претпријатие за државни патишта.

Бехтел и Енка треба да ја завршат обврската за изградба за 4 години и 7 месеци, зделката е потпишана на вредност од милијарда и 300 милиони евра, а државата промени и неколку закони за да се олесни работата на конзорциумот. Најспорна беше измената на законот за работни односи со што се овозможи работна недела поголема од досегашната која изнесуваше максимум 40 часа.

Од друга страна автопатот Кичево-Охрид повторно го проби рокот за изградба (до Нова Година) поради нови свлечишта, а решението ќе се бара на денешната владина седница на која ќе биде презентиран експертскиот извештај за состојбата на градилиштето на патот.

Направена прва операција на мозок на свесен пациент во државава

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе