Вести Македонија

Јовески: Можевме и повеќе но во ниту еден момент не престанав да се залагам за подобри резултати

На последниот ден од мандатот државниот обвинителот Љубомир Јовески се огласи со писмено обраќање. Обвинителството било транспрантно и отчетно а нападите најчесто неосновани.

Ниските оценки и критиките за борбата против корупцијата и во извештајот на ЕК, според Јовески не се однесуваат директно на обвинителството, туку се инсистира државата да обезбеди повеќе ресурси.

-Дали во изминатите шест години можевме и подобро и повеќе? Сигурно да, но во ниту еден момент не сум престанал да се залагам за повеќе и за подобри резултати, пишува Јовески

Довербата во обвинителството, според државниот обивнител во заминување, е поголема од тоа што се прикажува во анкети кои не биле релевантни.  Се создаде атмосфера дека довербата во нашата работа е нереално многу ниска, а во правосудството има и предмети кои се граѓански во кои не постапува обивнителството, пишува Јовески. Граѓаните поднесувале се повеќе кривични пријави што за него е показател  дека довербата во иституцијата што ја предводеше 6 години се зголемува.

-Анкетите, онака како што се прават за политичарите и политичките партии, не се соодветни за мерењето на довербата во работата на Јавното обвинителство, вели Јовески кој посочува истражување на Светска банка кое деновиве и целосно ќе биде објавено, а се однесува на состојбите со јавната перцепција на правосудството кај нас.

Позитивна оценка дале 28% од граѓаните и 33% од бизнисмените. Запрашани за ефикасноста конкретно во нивниот предмет за оние што имале такво искуство 47% од граѓаните и 37% од бизнисмените рекле дека се задоволни.

Јовески со порака и до колегите да бидат истрајни и упорни затоа што потрагата по правда е маратон, а не спринт трка на кратки патеки

– Ве повикувам во секоја можност да ја демонстрирате својата истрајност и решителност во борбата против криминалот. Не дозволувајте поединци да ја извалкаат професијата во која секојдневно се вложувате. Со чесна и напорна работа вашите резултати нема да останат непрепознаени од јавноста.

Обраќањето Јовески го почнува со цитат од Абрахам Линколн а го завршува со честитки за претојните празници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе