Вести Свет

Хамас ги дрогирале заложниците пред да ги ослободат, за да изгледаат среќно, тврди Израел

На заложниците кои Хамас ги ослободи од Појасот Газа им давале смирувачки средства пред да бидат вратени во Израел, во обид да изгледаат посреќни по третманот во заробеништво, се вели во извештајот на израелското министерство за здравство.

Шефот на медицинскиот оддел информирал дека станува збор за лек кој требало да направи заложниците да изгледаат смирени, среќни и оптимисти откако претрпеле физичко малтретирање, лишување од слобода и психолошки терор во рацете на палестинската терористичка група. Националниот институт за здравје опишува дека лекот кој им бил даван меѓу другото „се користи за ублажување на напади на паника“..

Заложниците, кои поминале повеќе од 50 дена во заробеништво, прво беа предадени на Меѓународниот Црвен крст пред да бидат вратени дома

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе