Вести Македонија

Лавров: Не е можен дијалог со кукавици како што се западните земји

Пред малку заврши пресконференцијата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров која траеше речиси час и половина.

Прес-конференцијата беше целосно во организација на руската делегација како дел од присуството на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Изборот на прашањата беше раководено од портпаролката на руското МНР Захарова. Иако Лавров на почетокот рече дека нема многу да зборува.

Меѓу другото рече дека Блинкен е тој којшто ја избегнал средбата велејќи дека тој е се уште тука.

„Не се чувствувам изолиран, јас на Советот сигнав заедно со сите. Сметам дека Блинкен и Борел се кукавици. Избегнаа средба со руската делегација. Тоа е кукавичлук“, одговори Лавров на новинарско прашање.

Прашан за блокадата на Бугарија врз Македонија рече дека Македонија го има целосното право, но коренот на проблемот лежи во политиките на западните земји.

Телевизија Телма интегрално ја пренесуваше во живо со новинарска екипа на терен и со синхронизиран превод.

Пресот го следеше Боби Христов, кој се јави во Вестите на Телма во 12.30

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повисоки цени во однос на мај – услов за активирање на владини мерки

Дејан Дејан

Муцунски: Во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат

Дејан Дејан

За опозицијата буџет за луксуз, за власта за стабилност – почна расправата за ребалансот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе