Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот фб статус го честита денот на албанската азбука. Спасовски истакна дека Денот на албанската азбука е важен и голем празник за сите Албанци, како и тоа дека јазикот и писмото се клуч кон другите култури, традиции и духовни наследства.
–Дозволете ми во свое и во име на МВР да ви го честитам Денот на албанската азбука, празник кој има голема важност за сите Албанци, како доказ дека јазикот и писмото се мостови до другите заедници, традиции, култури и духовни наследства. На 22 ноември 1908 година во Битола заврши заседавањето на учесниците на Битолскиот конгрес, истакнати албански личности од културниот и политичкиот живот, кои едногласно прифатија одлука за унифицирана албанска азбука. Параскеви Киријази, единствената жена која учествувала на Битолскиот конгрес и која подоцна го напиша првиот буквар на стандардизираниот албански јазик и азбука која што е во употреба до денешен ден, потенцира Спасовски.
Укажувајќи на тоа дека албанското писмо пополека станува дел од семејството на рамноправните, модерно формирани европски писма.
-Впрочем, токму на тоа нè повикуваат и европските вредности, како наши вредности воспоставени со концептот Едно општество за сите – солидарност, соживот, меѓусебна почит. Нека е за многу години Денот на албанската азбука, пишува Спасовски на Фејсбук