Фондот за иновации додели 4,4 милиони евра на 86 компании. Но, како и во некои претходните повици и во објавата на резулатите од овој повик нема нема опис на проектот.
Во изминатиот период оваа графа во одредени резултати од повици ја нема на сајтот на Фондот, туку стои само име на проектот. Генерален опис на проектот има кај повиците за училишта, но не секогаш има и во случај кога се доделуваат пари и за фирми.
И покрај тоа директорот на Фондот за иновации, смета дека институцијата работи транспаретно.