Во врска со последните изјави од страна на Претседател на ССКЛ (Струков Синдикат на Контролори на Летање) укажуваме дека истите се тенденциозни и не ја кажуваат вистинската слика на работење во М-НАВ и прават опструкција на професионално работење на М-НАВ која е сериозна компанија и го менаџира авиосообраќајот над нашето небо.
М-НАВ е институција која работи по највисоки европски и светски стандарди за управување и контрола на воздушниот сообраќај. Оваа година бележиме историска година со зголемен сообраќај над 20% споредбено со 2019 година (најдобра година пред кризата од Ковид-19) и со домаќинско работење на УО сме ги сервисирале сите обврски кон вработените, вклучувајќи ги и задржаните плати и креираната загуба од Ковид период. Во последните 3 квартали од оваа година бележиме помали трошоци од планираните во вкупен износ од 1.5 милиони евра и соодветно ќе продолжи во 4 квартал. Со тоа создадовме финасиски пред-услови за зголемување на платите за вработените до 10% за последниот квартал како и 5% од наредна година во согласност со Спогодбата потпишана со репрезентативните синдикати.
Оваа негативна и лоша тенденција која е лична иницијатива за свои интереси од Претседателот на синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски е само показател на лични интереси во негова корист, а додека другите вработени кои не се консултирани за неговите изјави и постапки кои според свои интереси ги злоупотребува и според тоа прави штета на М-Нав.
Истотака УО ги превзема сите активности за инвестирање, реализација и имплементација на навигациона опрема вклучувајќи и најмодерен систем за водење на авиони и соодветна модерна радарска станица како и VHF/VCS/AWOS опрема кои се дел од кредитот со ЕБОР.
Од 2021 година сме вклучени во Free route concept na Network Management na Eurocontrol И со тоа се допринесува за намалување на CO2 емисии i резултирање со пократки рути за авиокомпаниите. Во завршна фаза сме со PBN најмодерните процедури за слетување/полетување на нашите меѓународни аеродроми.
Оваа година сме во завршна фаза на имплементација на најстрогата системска регулатива 373 на ЕУ поврзана со безбедноста на воздушниот сообраќај со рок за имплементација до почеток на 2024 година и за истата сме во континуирана соработка и координација со нашиот регулатор ACV преку кој к’е се добие нов сертификат.
Голем дел на контролори на летање се пратени на дообука во Eurocontrol за стекнување на лиценца за инструктори. Исто така од Ноември 2023 година ќе се реализира обновување на знаење на сите контролори на летање во реномиран тренинг центар во Мадрид-Шпанија.
УО на М-НАВ АД Скопје потврдува дека сите вработувања за контролори на летaње се спроведуваа согласно строгите критериуми на Eurocontrol и интерните акти и за последните две години се примени 20 нови кадри од кои 12-мина се здобија со лиценца додека другите 8 кандидати се во фаза на практична обука.
Уукажуваме дека УО на М-НАВ АД Скопје ги има исполнето сите взаемно спогодбени услови со синдикатите.