Вести Македонија

Линеарно зголемување на пензиите нема да има, ќе има пакет мерки за помош на пензионерите со најниски примања

Линеарно покачување на пензииите нема да има. Министерката за труд и социјална политика вели дека пензионерите имаат право да протестираат, но линеарно покачување нема да добијат затоа што со тоа би се нарушила стабилноста на пензискиот фонд. Единствено најави дека ќе се носат нови мерки за пензионерите со најниски пензии.

-Меѓу тие мерки нема линеарно зголемување затоа што линеарното зголемување не оди во прилог на пензионерите. Мораме како Влада и Министерство да водиме сметка и за стабилноста на пензискиот систем. Секое нереално покачување на пензијата и секое нереално трошење на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување значи дека ќе ги доведеме во несигурност исплатата на пензиите на сите 336 илјади пензионери, вели Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Иако беше најавено зголемување на пензиите за 6,8%, пензионерите вчера добија пензија со покачување од 5,3%. Не е задоволна ниту владеачката Партија на пензионерите. Бара утврдување на минимална пензија.

-Секако дека парите никогаш не се доволни. Пензионерите треба да сфатат дека мора да ја делат судбината со останатите граѓани во државата. Меѓутоа мислам дека минималната пензија не е доволна и токму затоа Партијата на пензионери веќе подолго време предлага да се донесе закон за минимална пензија, вели Илија Николовски, претседател на Партија на пензионери.

На последниот протест пензионерите побараа поголемо линеарно зголемување на сите пензии: наместо 3.500 денари сега бараат 6.000 денари  како и минимална пензија од 20.000 денари.

Работната група која треба да најде решение за пензионерите со најниски примања најавува извештај до крајот на неделава.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе